Курт Кобеин стана легенда уште за време на неговиот живот. Беше текстописец, пејач, гитарист и човек со многу проблеми.

Момченцето

к01

Курт Кобеин е роден на 20. февруари 1967г. во Абердин, Вашингтон. На сликата е на две години и во тоа време веќе почнал да пее.

Проблематичниот младич

к02

По разводот на неговите родители почнал да се однесува проблематично. Ова е Курт во седмо одделение.

Рано музичко образование

к03

Како тинејџер се вљубил во музиката уште повеќе и станал по малку повлечен. Како што самиот кажал, поголемиот дел од времето го минувал во својата соба свирејќи гитарата која му ја подарил неговиот вујко.

Почетоците

к04

Во 1985г. Курт Кобеин ја формирал Нирвана заедно со Крис Новоселич. Ова е фотографија направена неколку месеци подоцна.

„Bleach“

к05

Во 1989г. Нирвана дебитираат со нивниот прв албум „Bleach“. Ова е Курт Кобеин во февруари истата година.

„Nevermind“

к06

Пробивот на Нирвана дојде со синглот „Smells Like Teen Spirit“, песна од албумот „Nevermind“ од 1991г., по која Нирвана и Курт Кобеин станаа препознатливи.

Продуховен звук

к07

Песната и бендот станаа омилени на младите ширум светот. Нирвана беше најжешкиот нов звук и ги имаше насекаде.

Мириса на успех

к08

Курт Кобеин со другите двајца членови на Нирвана, тапанарот Дејв Грол и басистот Крис Новоселич, на доделувањето на наградите на MTV во 1992

Венчани

к09

Курт се запознал со Кортни Лов во 1990г. Се венчале на Хаваи во 1992.

Семејството расте

к10

Во август 1992 година им се родила ќерката Френсис Бин Кобеин.

Истрошен

к11

Анксиозноста на Кобеин веќе почнува да се покажува на оваа слика сликана во Рио во јануари 1993г. Вниманието кое му го донела славата почнало да му пречи.

Рок ѕвезда

к12

Природната срамежливост на Курт уште повеќе го зациментира неговиот изглед на кул рок ѕвезда.

Семеен човек

к13

На доделувањето на MTV наградите во 1993г. Курт присуствувал заедно со неговата сопруга Кортни Лов и ќерката Френсис Бин.

„In Utero“

к14

Во 1993 Нирвана го издаде „In Utero“. До тогаш веќе се бореше со хероинската зависност.

И понатаму проблеми

к15

Професионално, Нирвана беше голем успех. Но Курт Кобеин не бил среќен. Изворите блиски до него велат дека му се смачило од славата и сакал да се повлече.

Тага

к16

Оваа сенишна слика е сликана само неколку месеци пред неговата смрт. Ќе се покаже како пророкувачка.

к17

Трагичен крај

к18

Курт Доналд Кобеин бил најден мртов во неговиот дом на 8. април 1994г. со прострелна рана која си ја нанел самиот. Случајот официјално бил заведен како самоубиство, но шпекулациите во јавноста не престанаа до денес. Некои теоретизираат дека Кобеин всушност бил убиен од некој близок.

Истрага

Многумина како виновник ја посочуваат неговата жена Кортни Лов. Полицискиот оддел на Сиетл минатата година повторно го отвори случајот, но дојде до истиот заклучок дека се работи за самоубиство.

Клубот 27

Кобеин го заврши својот живот на 27 години, со што се приклучи на списокот на рок ѕвезди кои умреле на истата возраст, како Џими Хендрикс, Џим Морисон и Џенис Џоплин.

2014

к19

Нирвана имаат продадено преку 75 милиони албуми ширум светот. Во 2014г. беа примени во Rock and Roll Hall of Fame. Ова е дигитално обработена слика која покажува како би изгледал денес на 47-годишна возраст.

Сподели на Facebook
пати видено