25 причини зошто би требало да се борите за седиште до прозорецот

Бидејќи гледањето низ прозорец може да биде најдобриот дел од летањето.

Не судете за жената според нејзината облека

Брилијантна рекламна кампања изработена за Тер де Фем, швајцарска организација за човечки права којашто се сосредоточува врз еднаквоста на половите и феминизмот, нѐ потсетува дека вредноста на жената никогаш не треба да се мери според длабочината на нејзиното деколте или височината на нејзините потпетици.

Истражувачи нашле мумии распоредени низ пустина, но тие почнаа да исчезнуваат

Луѓето вообичаено мислат дека најстарите мумии се тие од древен Египет од 3000 г. пр.н.е. Но најстарите мумии во светот се всушност од народот Чинчоро во денешните Чиле и Перу. Мумиите од овие локации датираат во периодот од 7000 до 5000 г.пр.н.е.

Изработката на популарните слушалки Битс чини толку поефтино од нивната продажна цена, што дури е смешно

Се чини дека речиси сѐ што е популарно, секогаш е како во онаа прикаската „Царот е гол“. Цената за овие слушалки се движи од 100-тина до 400 долари, во зависност од моделот. Џими Ловин и Др. Дре создадоа империја од 3.2 милијарди долари од нив откако минатата година ја продадоа компанијата на Ејпл.

Дејвид Бекам денес заработува повеќе отколку кога беше голема фудбалска ѕвезда

Играњето фудбал веројатно е една од најплатените професии и често слушаме за огромните суми кои ги заработуваат младите играчи. Затоа и не е чудно што многумина се трудат да останат во игра колку што можат подолго, преминувајќи од клуб во клуб. Можеби си мислите дека штом еднаш ќе ги закачат копачките на клин, нивните приходи значително се намалуваат, но тоа не е случајот со една од најголемите ѕвезди на британскиот фудбал.

Ужасни стории од луѓе кои заглавиле во култови

Да се биде член на култ не секогаш е успешна приказна со среќен крај, како што се надеваат луѓето кои ќе се впуштат во таква авантура. Како што покажуваат овие вистински сведоштва, култовите навистина постојат и се многу опасни.

Лисец спасен и одгледан од луѓе мисли дека е куче

Откако бил спасен како младенче, единаесетмесечниот лисец Тод се снаоѓа сосема добро како домашно милениче заедно со неговата сопственичка Ема Д`Силва. Тод оди на прошетки со врвка, се игра со двете кучиња на Д`Силва и мавта со опашот кога е време за јадење. Тод дошол кај Ема кога имал четири месеци. Сега е стар единаесет […]

Срамежливи светла: прекрасни лустери кои цутат како цвеќиња

Неколку видови цвеќиња се познати по тоа што се отвораат и затвораат како механизам за одбрана и заштеда на енергија. Овој еволутивен механизам наречен никтинастија бил инспирација за Студио Дрифт да ги дизајнираат „Срамежливите светилки“, кинетички светилки кои драматично се отвараат за време на нивното 9-метарско спуштање надолу. Движењето имитира цутење на цвет додека полека […]

Славни личности чиишто пластични операции испаднале сосема погрешно

Славните личности вообичаено се убави пред камерите. Но, некои од нив сакаат да бидат поубави од тоа што им го дала природата. Веројатно ова е една од главните причини поради која се подложуваат на пластични операции, освен се разбира ако се унаказени од некоја несреќа. Но пластичните операции не секогаш завршуваат добро. Еве некои примери:

10 реченици кои можат да го променат вашиот живот

Моќта на реченицата е огромна. Една деструктивна и злонамерна реченица може да уништи нечиј живот, да ви го направи денот или да ви го промени расположението. За среќа, некогаш во времето биле искажани мудри реченици кои можат да нѐ охрабрат да продолжиме напред, дури и кога ни е најтешко. Еве 10 моќни реченици за кои вреди да се размисли.

За да видите убавина во Јапонија, треба да почнете да гледате и на најчудните места

Веројатно сте преминале преку безброј капаци за шахти, што веројатно веќе не ги ни забележувате, освен се разбира ако не налетате на отворена шахта, но тоа е веќе друго прашање. Но ако сте во Јапонија, би требало да обрнете повеќе внимание на капаците за шахти. Јапонските градови се познати по нивните внимателно изработени и изведени […]

Нештата коишто можат да се видат на овие 25 бизарни острови се како сценографија за хорор филм

Има нешто привлечно во тоа да се избега на некој далечен остров како начин да се одморите, било сами, било со саканата личност. Но некои острови не се баш некој тропски рај на каков би се надевале. Постојат безброј морничави архипелази коишто подобро би било да ги заобиколите. Следува листа од дваесеттина вакви острови. 1. […]

Научниците велат дека на Енкеладус, ледената месечина на Сатурн, има веројатност за живот?!

Вниманието на научниците го привлече уште едно небесно тело во нашиот сончев систем – Енкеладус – како потенцијално место за развој на живот. Тие велат дека на ледената месечина на Сатурн веројатно има активен хидротермален систем.Тоа значи дека под заледената површина веројатно тече топла вода.

Докторите кажале дека за овој воен ветеран нема надеж, но тој сите ги остави без зборови! Никогаш не се предавајте!

Докторите кажале дека за овој воен ветеран нема надеж, но тој сите ги остави без зборови! Никогаш не се предавајте!

По враќањето дома од војна, ветераните се справуваат со голем број проблеми. Многумина страдаат од пострауматски нарушувања и осакатувања кои ги следат до крајот на нивниот живот. Но, некои од нив никогаш не го губат нивниот борбен дух, кој им овозможува да постигнат речиси невозможни цели. Артур Бурман е ветеран кој како и многу други […]

Ја изгубила раката при напад на ајкула, но не и храброста: Бетаи Хамилтон во 6-тиот месец од бременоста ги јавна брановите на Хаваи

Во нејзините тинејџерски години Бетани Хамилтон ја загубила нејзината рака при напад на ајкула, но не дозволила тој инцидент да ја диктира нејзината иднина и решила да го оствари својот сон да стане професионален сурфер. И продолжува да нѐ инспирира – шест месеци бремената 25-годишна жена е снимена како лебди на брановите на плажата во […]

Приказната за Ролс Ројс во фотографии

На 15. март 1906 Хенри Ројс и Чарлс Рос ја основале компанијата Rolls-Royce Limited за производство на моќни автомобили и авионски мотори. Ролс-Ројс набргу ќе прерасне во еден од најпознатите бредовина луксузни автомобили во 20-от век, а нивните машини ќе се прослават со нивната моќ и сигурност како на тркачките патеки, така и во хаотичното […]

НАСА тивко тестира дизајн на мотор на кој не му треба гориво и кој ги нарушува законите на физиката

НАСА успешно тестирала нов вид на погон кој не користи користи гориво и кој, барем што се однесува до законите на физиката, воопшто не би требало ни да функционира.
Проектот е дело на Роџер Шоер, британски научник кој отпочнал нешто што се нарекува EMDrive.

Ова научно откритие значи дека човештвото само што стана многу постаро

Научниците се приближија поблиску кон откривањето на зората на човештвото во долината Рифт во Етиопија. Велат дека е пронајдена нова вилица која „може да ја пренапише историјата на човечката еволуција“. Може да звучи премногу грандиозно, но секако се работи за големо откритие. Секогаш се крева голем прав кога станува збор за откритија поврзани со човечките […]

Воздушна турнеја низ „Ханг Сон Сунг“, најголемата пештера во светот

Во овој нов 6-минутен филм, авантуристот и фотограф Рајан Дебут нѐ носи на воздушна авантура низ најголемата пештара светот, Ханг Сон Дунг, која се наоѓа во централен Виетнам. Дебут употребил дрон и неколку камери за да го долови пештерскиот систем, од којшто најголемата пештерска просторија изнесува пет километри во должина, 200 метри во височина и […]

Дали ова е најсмртоносната патека во светот?

Дали сте трагачи по возбуди? Додадете ја оваа планинарска патека на вашата листа на претсмртни желби. Страв од височина? Чекајте дури да ја прочитате оваа статија до крај.  Смртоносната патека за која станува збор се извишува до 2150 метри надморска височина по планината Хуа Шан, една од петте највисоки планини во Кина и традиционално место […]

29 годишна Русинка бара доброволец на интернет за да ја забремени

Руска убавица напишала оглас во кој бара маж да ја затрудни – бидејќи ѝ се смачило мајка ѝ да ѝ додева дека сѐ уште нема внуци. Елена Комлева од Челиабинск во јужна Русија огласот го објавила на социјален медиум – и наскоро била преплавена со понуди.29-годшината маникирка тоа го опишува како „натпревар“ додавајќи дека победничкиот […]

Американските археолози откопале неверојатна египетска гробница во Луксор која содржи интригантни и разнобојни ѕидни фрески невидени со илјадници години

Американски истражувачки тим открил древна гробница која му припаѓала на Аменхотеп, чувар на храмот на египетското божество Амон во Луксор. Гробницата датира во периодот 1543-1292 г. пр.н.е. во времето на Новото царство на 18-та династија – најславната од сите египетски династии. Гробниците биле најдени на почетокот на овој месец на локалитетот Шеик Абд ел Кума, […]

Овие гипсени фигури се всушност ужасни последни мигови замрзнати во времето

Вулканот Везув еруптирал во 79г. н.е., во близината на денешен Неапол, Италија. Ерупцијата исфрлила облаци од гас, прав и пепел 3200 метри во небото и милиони тони на стопен камен врз непосредната околина. До денес оваа ерупција се смета за една од најкатастрофалните во историјата, а најпозната е поради тоа што ги уништила двата околни […]

Детални бодиарт дела откриваат што има веднаш под нашата кожа

Веќе неколку години уметникот Дени Квирк е фасциниран од човечкото тело. Него особено го интересира внатрешната човечка анатомија изнашол креативен начин да го изрази својот научен интерес на уметнички начин. Имено, Дени Квирк ги открива интересните анатомски детали така што ги слика директно врз живи човечки тела.

Оваа висечка пешачка патека ви овозможува прошетка НАД дрвјата во Кејптаун

Се разбира, би можеле да тргнете на обична прошетка во шумата, но зошто би го правеле тоа кога би можеле да шетате НАД дрвјата Шеталиштето над крошните на стогодишните дрвја во Кирстенбош, Кејптаун, е кренато шеталиште кое на посетителите им овозможува да ја видат шумата и дрвјата како што тоа го прави птица или мајмун.

Роден без очи, но со огромно срце, златниот ретривер Смајли ги разведрува луѓето како терапевтско куче

Роден без очи, златниот ретривер Смајли не дозволил овој хендикеп да го осиромши неговиот дух и прекрасна личност и живее полн и продуктивен живот.

Човеков морал да бира помеѓу можната смрт и можна зараза од ХИВ откако му било понуден бубрег од донатор „кој можеби бил инфициран од ХИВ“

Човекот, кој бил однесен во болница поради трансплантација на бубрег проговорил дилемата пред која бил исправен откако дознал дека донираниот бубрег можеби е заразен со ХИВ вирусот. Тони Гартсајд чекал со години за донација на бубрег, пред конечно да му се јават дека има достапни бубрег и панкреас. Откако ја примил веста во 3 часот […]

Просто не е можно да има вакви чудовишта во ова тајландско езеро!

Дали некогаш сте посакале навистина да можете да отидете во паркот Јура, но потоа ќе се сетите дека рапторите јадат луѓе? Па, сега би можеле да се дружите со предисториски суштества со нешто помалку опасна природа. Местото се нарекува „Езерото Јура“ и се наоѓа во Тајланд. Езерото Јура е популарно катче кај риболовците, што воопшто не е некое изненадување, бидејќи таму може да се улови огромна, диносаурска риба.

Еве како изгледа кога диво бафало ќе стане премногу пријателски расположено

Еве како изгледа кога диво бафало ќе стане премногу пријателски расположено

Доколку вашата поубава половина ви каже дека сака да ви даде бафало бакнеж, внимавајте, лесно може да ви дојде премногу. За разлика од нежниот галовен бакнеж на пеперутката, говедската форма на изразување на љубов и приврзаност не е за секого.

Најстарите дрвја во светот

Некои од овие стари дрвја изгледаат прекрасно и величествено, и сѐ уште го обновуваат своето зеленило, додека други се исушиле и станале извртени, изветвени од пожари, ветришта и дожд. Како и да е, овие дрвја стојат како сведоштво за нивното преживување и нѐ потсетуваат за тоа колку краток е нашиот престој на оваа планета.

+