Брилијантна рекламна кампања изработена за Тер де Фем, швајцарска организација за човечки права којашто се сосредоточува врз еднаквоста на половите и феминизмот, нѐ потсетува дека вредноста на жената никогаш не треба да се мери според длабочината на нејзиното деколте или височината на нејзините потпетици.

За некои потпетиците до определена височина или здолништето до определена должина е знак дека жените кои носат „таква“ облека се промискуитетни. Но со ова се потсетуваат луѓето колку апсурдни се тие мерки кога ќе се извадат од контекст – што и да мислите за нечија облека, личноста која ја носи сепак е личност, и треба да се однесувате кон неа со почит.

Рекламата е дело на Тереза Виока и студентите од Рекламното училиште Мајами во Хамбург, Германија.

terre-des-femmes-womans-worth-ad-campaign-1

terre-des-femmes-womans-worth-ad-campaign-2

terre-des-femmes-womans-worth-ad-campaign-3

Сподели на Facebook
пати видено