По враќањето дома од војна, ветераните се справуваат со голем број проблеми. Многумина страдаат од пострауматски нарушувања и осакатувања кои ги следат до крајот на нивниот живот. Но, некои од нив никогаш не го губат нивниот борбен дух, кој им овозможува да постигнат речиси невозможни цели.

Артур Бурман е ветеран кој како и многу други во војната се стекнал со хендикеп поради кој речиси воопшто не можел да оди. Докторите се откажале од неговиот случај и на него му останало да бира – или да заглави во инвалидска количка до крајот на животот, или да проба нешто радикално.

Тој се решил да проба со радикалното. Сета своја сила ја вложил во програма наречена ДДП јога, измислена од професионалниот борач Дајамонд Далас Пејџ. Неговото патешествие во справувањето со инвалидноста е документирано во ова видео.

Сподели на Facebook
пати видено