Жителка на Велика Британија, со име Ана Клеп, наследила неколку стари парчиња мебел од нејзиниот далечен братучед. Еден дел од мебелот бил старо биро од почетокот на дваесеттиот век. Бидејќи не ѝ требал целиот мебел, жената одлучила да го продаде преку Интернет. Кога проценителот дошол кај неа, тој детално го разгледал бирото и нашол три тајни фиоки.