Кочански мафијаш лежи во болница. Лекарите му препишале строга диета. Влегува медицинска сестра и носи чинија со некоја бистра супичка…
– Што е тоа ма? Ти да не си луда? Ај донеси ми некоја плескавица, чајна, стек и такви работи. Ова нема шанси да го јадам… – вели нервозно мафијашот и мава со чинијата по сестрата.
Сестрата расплакана оди кај докторот и се жали дека пациентот одбива да јаде.
– Дааа, да… Вака пациентот нема да се опорави. Да му се направи клизма! – Наредува докторот.
Двајца јаки болничари го фаќаат кочанскиот мафијаш, го врзуваат за креветот и му прават клизма. Откако завршува целата постапка, кочанчанецот полека ја врти главата, гледа дека нема никој, го зема телефонот, се јавува и тивко вели:
– Тиквар, ти ли си? Земи уште двајца и дојдете да ме извлечете од оваа болница. Овие се луди, брат! Ако не изедеш нешто, доаѓаат и ти го истураат во га*от…

Сподели на Facebook
пати видено