Жителка на Велика Британија, со име Ана Клеп, наследила неколку стари парчиња мебел од нејзиниот далечен братучед. Еден дел од мебелот бил старо биро од почетокот на дваесеттиот век. Бидејќи не ѝ требал целиот мебел, жената одлучила да го продаде преку Интернет. Кога проценителот дошол кај неа, тој детално го разгледал бирото и нашол три тајни фиоки.

Во една од нив имало монета од 22 каратно злато, од времето на владеењето на Принцот Рејмонд IV. Според експертите, оваа монета може чини повеќе од 250 илјади денари, што е приближно 50 пати повеќе од цената на самото биро.

Сподели на Facebook
пати видено