Си пијам кафе и читам весник и гледам наслов: „Англичаните го прогласија YUGO за најлош автомобил во светот“, а во образложувањето наведуваат дека тоа е затоа што не можат да пијат чај во YUGO, без да се насипат.

Си мислам, па нормално дека ќе се насипеш кога си разгален и неспособен Англичанец. Зошто пиеш чај, зошто не пиеш кафе како сиот нормален и хоризнотален свет? Кај нас бре човек во YUGO може да пие, да јаде, да се бричи, да си ги искапе децата, да е*е, и секакви други работи, затоа што ние сме небески народ, а вие сте англиски гомна.

Еве сѐ што можете да направите во YUGO, а не можете во останатите автомобили:

  • Во ниту еден друг автомобил не можеш да сместиш жена, две деца и свиња и да имате доволно место да не се скарате, аниту пак да се опуштите.
  • Можеш да му го исечеш кровот со пила и да имаш кабриолет за 200 евра.
  • Можеш да си ги набилдаш рацете, рамената, бицепс, трицепс, затоа што серво е за пи*ки.
  • Немаш проблеми со бојата бидејќи скоро секое YUGO е црвено! Ако почне да рѓосува немаш проблем бидејќи и таа е црвена.
  • Кој уште видел со BMW да се оди на слава во Прдејци? На „куково лето“ ќе поминете со BMW по оние патишта кои ни останаа од Турците.

Малку претерале, воопшто не се потребни толку луѓе за туркање.

  • Ако заборавиш каде си го паркирал, седнуваш во првото YUGO што ќе го видиш, ставаш клуч во бравата и тргнуваш. А плус и газдата на тоа YUGO нема да ти се налути, можеби и ќе те благослови, не се лути никој кога ќе му го украдат YUGO-то. А и на тебе ако ти го украдат е исто, секогаш ќе има друго YUGO кое ти ќе можеш да го украдеш. Ако некој пријави дека му го украле YUGO-то полицијата воопшто не обрнува внимание на тоа. Ќе ти се замараат за едно украдено YUGO? Абе иди бегај.
  • Појасот се фиксира за седиштето така што во случај на сообраќајна незгода поголема е веројатноста дека ќе излеташ со сѐ седиштето. Тоа го има само во YUGO и во воените авиони.
  • Мала е разликата помеѓу обично и спортско YUGO. Спортскиот модел има тениско топче на куката.
  • Се пере само кога има дожд.
  • Кога Брус Вилис седна во него во оној филм кажа „ЈИПИКАЈЕ“ што во наш превод значи „е сега на*бавте“ и ги истепа сите терористи, да беше друг автомобил тоа немаше да се случи.
  • Кога имаш секс во YUGO тогаш си „ебач“, кога имаш секс во Мерцедес тогаш си „спонзор“.
  • Мобилниот ти е поскап од автомобилот
  • Секогаш можеш да му ја дуплираш вредноста, само наполни му го резервоарот до крај.
  • Кочницата е само формалност!
  • Има повеќе резервни делови отколку основни.
  • Полицијата никогаш нема да те стопира во YUGO поради пребрзо возење. Мојот комшија, полицаецот Миле, 30 години работел како сообраќаец и вели дека никогаш не видел YUGO да оди повеќе од 50 на час. Тој вели дека ако видел некое YUGO да оди над 60, ќе го частел сопственикот.
  • Кога полагаш за возачка во Голф 5 не знаеш да влезеш во кружен тек, но кога полагаш на YUGO автоматски како да си добил возачка за B, C, D, E и дозвола за малокалибарски пиштол.

И потоа таму некои „Енглези“ ќе ми викаат дека YUGO е најлошиот автомобил во светот, мамката нивна, кога добро се знае дека не сме како останатиот свет.

Автор: Сашо Станковиќ

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено