Американската телевизиска програма „Right this Minute“ го прикажа светлечкото шоу на ноќно спуштање за време на Хуманитарниот велеслалом по ски патеките во Маврово, каде скијачите и сноу бордерите се симнуваат со бакљи со црвена и жолта боја.

Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово се одржа претходниот викенд, каде се собраа 10.000 евра и се донирани за Здружението за хумано-општествен развој ПРОЕКТ СРЕЌА.

Ова е видеото од ски шоуто, кое американските водители го нарекоа величенствено, го изработи Вертиго Скај Кам.

Водителот на програмата, заедно со уште двајца соговорници, го коментираат овој настан и велат дека може да се предложи како нова дисциплина на Олимписките игри. Од друга страна, според соговорничката, оваа идеја може да се практикува и за Божиќ.

„Овој момент е одлична можност за Маврово, за Македонија, за туризмот. Горд сум што една американска телевизија го емитува и го коментира нашиот настан, кој според нив треба да се предложи како нова олимписка дисциплина. Тоа е одлично за туризмот, но со ова уште еднаш потврдуваме дека сме креативна нација која може да сработиме нешто невообичаено и примамливо за Светот “, објаснува Огњан Циговски од Ски Центарот Маврово.

Годинава, овој хуманитарен велеслалом се одржа по 16-ти пат во Маврово. На него учествуваа 54 екипи во две дисциплини скијање и сноу борд.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено