Се поврзуваме директно од прес центарот на новата власт …
Драги мои следбеници и фанови, контра фанови, потајни фанови,роднини, другари, другарки, пријатели, пријателки, контра пријателки и средношколки. Спонзоруши, старлети и по старо ороспии, чест ми е да најавам дека конечно диктатурата кај нас дома падна, конечно победи демократијата и по долги години успеав јас Владимир Стефковски да ја земам власта во свои раце.

Долги години немавме спремено програма како ќе се развиваме, ама немаме ни сега, но успеавме.

Долго време ги прислушкував властите дома, татко ми, дедо ми и нивнио коалиционен партнер брат ми, со помош на странски разознавачи, пред се Панде комшијата шо е скаран со дедо ми, Иљо од спротива шо џамо му гледа дирекно кај дедо ми, а најголема подршка добив и конкретни материјали од комшијата Лазе и неколку потврди добив од продавачки низ пазар, дека татко ми ко ќе купва зајре од пазар купва едно кило за дома и во друго најлонче клава уште полкило и го носи во засега непознат правец (читај кај швалерката).

Ми требаше долго време да ги приберам доказите, но одкако ги добив му ги предочив фактите и тие подврдно само климнаја со глајте неколку пати, а 7 пати неприкинато ми рекоја ТАКА Е, шо дополнително ги потврдува моите материјали.

Неколку пати се обидоа да ме изманипулираат, ме частеа по кафичи, по кафани и во неколку ноќни клубој во градо, а еднаш ми ја пуштија Сузето и таа ми предложи неколку недолични работи.

Но по неколку такви неуспешни обиди попуштија пред фактите и сите си дадоја оставки и ми ја препуштија власта дома.

Сега во новото собрание имам мнозинство од 58 пратеници, со моите коалициони партнери баба ми Спаса и мајка ми Славка имам дво третинско мнозинство, баба ми освој 11пратеници ,мајка ми освој 19 пратеници.

Од утре сите далечински управувачи ќе седат во мене. Ќе се бришат телевизиски канали како шо се ДМ Сат, ќе се укини гледањето на “Ѕвезде гранда” и “Пинкове Ѕвезде”, Малечката невеста, Огнови на Љубовта и уште неколку Турски серии. Строго ќе се забрани гледањето на квизот “Среќни коцки” koj e неподобен за просечниот граѓанин,а за промена од утре ќе ја меморираме Орбис ХаДе, оти баба ми си ја гледа емисијата “Ало, сакам да прашам”, а Хаслер ќе биди префрлена на канал број 1.

Тоалетна исто така ќе трошам колку сакам ито од нај скапата, од трослојната 100% целулоза.

Можи немам програма како ќе се развиваме понатаму, ама имам материјали кои уште долго ќе ме одржат на власт кај мене дома. Поседувам материјали, слики дедо ми кај шо пие ракија скришно од баба ми, а не смеј. Имам швалерски разговори на татко ми со Светлето комшивката и јасно се слуша на аудио снимката кај шо му вели “Здраво Стево !!! “ ,a овој му враќа “Кажи Светле јас сум !!! “ , а дури имам слика брат ми кај шо го фрла ѓубрето во Драгоро.

Набрзо ќе ја формираме и владата,во преговори сум со коалициата поздрав, дојде време на големи промени!!!

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено