1. Секоја девојка со посветол фустан носи во чантата дволитарcко шише средство за перење алишта.

2. Луѓето што живеат во огромни, луксузно опремени апартмани, се хранат со најевтинте салами и маргарини.

3. Во диcкотеки и ноќни клубови македонcките убавици јадат cмоки и чипcoви.

4. Крајно време е да се создадат банкноти со номинална вредност 99 денари!

5. Добрата домаќинка во својот дом секогаш има безобразно валкани плочки, рѓосани славини на чешмите, а тоалетот и врие од бактерии.

6. Целосно е можно во фрижидерот да ви се населени виршли кои зборуваат.

7. Ако оставиш чаша сок на масата, од неа ќе почбнат да излегиваат вистински парчиња овошје

8. Хамбургер се јаде со затворени очи.

9. Исто така и сок се пие со затворени очи.

10. При соодветното расположение луѓето можат да разговараат со маргаринот.

11. Ако добро сте си ја измиле косата, таа ќе почне да се движи бавно.

12. Пивото ги тера мажите да скокаат со падобран, да се борат со ножеви и други паметни работи.

13. Жените уживаат во чистењето, перењето и пеглањето.

14. Чоколадото ги решава сите проблеми!

15. Во некои фабрики не работат луѓе туку животни

16. Ако си купиш нов автомобил ќе можеш со него да поминуваш и низ ѕидови

17. Доволно е само да си прснете дезодоранс и ќе фатите 3 девојки наеднаш

18. Главниот проблем на човештвото е првутот.

19. Ако на една жена и дојде циклусот, таа ќе го облече најкраткото фуcтанче или тесни и бели панталони и ќе оди на забава.

20. Ако две деца ја извалкаат целата облека, нема да дојде тато со шамари, туку некоја тетка со прашок за перење.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено