Кога реакторот во Чернобил експлодираше во 1986 година, светот се тресеше. Најголемата нуклеарна несреќа во историјата зема десетици животи и им се закануваше на милиони со своите токсични последици. Некои области околу местото ќе останат непогодни за живот најмалку уште 170 години.

Потоа советските власти вовеле нови безбедносни мерки, со кои биле затворени други нестабилни објекти. Една од „жртвите“ на овие мерки била Кримската станица за атомска енергија, која сè уште била во изградба во 1989 година, кога ја напуштиле поради загриженоста за геолошката нестабилност во областа. Тогаш пристигнале рејв забавите.

Почнувајќи од 1992 година, недовршената нуклеарна централа почнала да генерира поинаков вид на енергија. Фестивалот за електронска музика Казантип донел стотици руски и украински млади во празниот објект, каде турбинската сала станала подиум, а напуштените плажи служат како одмор од лудата забава.

Малку морбиден амбиент за уживање, но во контекст на музиката, транс, џунгла и други хардкор жанрови, ова место било идеално. Младите кои биле на забавите се нарекувале „Република Казантип“ славејќи ја нивната изолација во заборавениот агол на избледената советска империја. Фестивалот продолжил да се одржува на Кримската станица за атомска енергија до почетокот на 2000-тите кога била преместена на другата страна на полуостровот. Од 2014 година политичките немири во регионот ги принудиле организаторите да се преселат преку Црното Море во Анаклија, Грузија.

Сподели на Facebook
пати видено