Нема турист кој не се зачудил од ваквата работа, како Англичаните да се кријат од некого или како да си ги напуштиле домовите, па вака ги заштитиле од крадење. Но, вистинската причина е малку поинаква, а датира од крајот на 17 век.

Во 1696 година властите донеле закон според кој сите куќи кои имале над 10 прозорци требало да плаќаат дополнителен данок. Без разлика колкава била куќата или колкави биле прозорците, ако нивниот број бил над 10, данок морало да се плати. Така луѓето почнале да ги заѕидуваат оние прозорци кои не им биле неопходни.

Законот за прозорци не бил единствениот глуп закон во Англија во тоа време. Во 1784 година, властите донеле закон за бројот на тули од кои ви е изградена куќата. Затоа луѓето во тој период почнале да користат поголеми тули за градба.

Сличен ваков закон имало и за балконите. Односно се плаќало данок за секој балкон, закон кој важи и до ден денес.

Сподели на Facebook
пати видено