Две цимерки вареле виршли. Првата ги зема виршлите, ги сече по малку од двата краја и ги става да се варат.
– Зошто им ги сечеш двата краја на виршлите? – Зачудено ја прашува другата.
– Не знам, и мајка ми така прави.
Кога си отишла дома за викенд решила да ја праша мајка си што е финтата со виршлите, а мајката ѝ одговорила:
– Не знам и баба ти така правеше.
Бидејќи бабата живеела со нив, внуката ја прашала и неа. Бабата ѝ одговорила:
– Не знам и прабаба ти така правеше.
Прабабата живеела во дом за стари лица, па правнуката решила да ја посети да ја види и да ја праша и неа.
Прабабата многу се израдувала на посетата на правнуката. Си направиле муабет и на крај правнуката ја прашува:
– Кажи ми зошто пред да се варат мора да им се отсечат двата краја на виршлите?
Прабабата замолчела за момент и рекла:
– Што, зар уште не сте купиле поголемо тенџере?

Сподели на Facebook
пати видено