Научниците веќе долго време истражуваат и размислуваат за критериумите на привлечноста. Зошто некои жени имаат многу додворувачи, а некои ги поминуваат ноќите сами? На оваа тема, можете да се расправате засекогаш.

Сепак, постојат работи кои ги разликуваат некои жени од толпата и гиправат минувачите да се свртат по нив. Ние не можевме да се воздржиме и одлучивме да ги разоткриеме тајните на атрактивните жени.

1. Мирис

Неодамна, научниците откриле дека некои жени мирисаат поубаво од другите. Ова не се должи на скапи парфеми, туку на нашите хормони. Жените со високо ниво на естроген привлекуваат мажи како магнет. Природамна одамна мислела на нас: момчињата можат да ги намирисаат девојките кои им одговараат според биолошките параметри. Мирисот на рози ги прави луѓето поатрактивни, исто така аромата на овошјето ги опушта луѓето.

2. Тенка половина

Природата им дала на мажите интересна суперсила: за околу 200 милисекунди тие можат да го пресметаат идеалниот сооднос на пропорциите на женската фигура. Идеални пропорции – оние според кои фигурата наликува на песочен часовник. И тежината не игра посебна улога. И односот помеѓу обемот на половината и колковите треба да биде околу 0,7-0,8.

3. Симетрија

Научниците докажаа дека визуелната привлечност е прашање на симетрија. За време на експериментот, кој го спроведоа британските антрополози, се покажа дека симетричните женски лица се најубавите. И сето тоа затоа што човечкиот мозок ги разгледува убавите нешта и феномените кои лесно се разбираат. Симетријата е лесно предвидлива работа, и не треба да бидете голем математичар за да ја препознаете.

4. Случаен минувач

На човечкиот мозок не му се допаѓа ништо ново. И мажите често се заљубуваат во оние кои им се веќе познати. Не е потребно една жена да биде неверојатна убавица за да го освои срцето на еден маж, доволно е почесто да му се појавува пред очи. Ова го објаснува феноменот на популарноста на убавината на познатите. Луѓето што ги гледаме секој ден на телевизија или на интернет ни се чинат убави.

5. Искреност

Отвореноста е позаводлива од мини здолништа. Кога искрено зборувате за себе, другата личност има сочувство. Размената на искреност мора да биде избалансирана: слушнавте нешто лично од вашиот партнер, споделете и вие нешто лично.

6. Подготвеност да се преземат ризици

Постои нешто заедничко меѓу љубовта и стравот. Научниците докажаа дека мозокот лесно може да се збуни и да се заљуби кога има зголемена доза на адреналин.

7. Долг поглед

Научниците неодамна го пресметале точниот износ на време потребно за да му се допаднете на некој, гледајќи го во очи. Потребни се само 2 минути за чувствата помеѓу партнерите да се интензивираат.

8. Правилни зборови

Постои еден магичен збор кој помага да им се допаднете на луѓето. Овој збор е „благодарам“. Искрениот израз на благодарност ја зајакнува врската, а љубезните зборови ја третираат депресијата и ја подобруваат благосостојбата на другите. Тајната на љубезни зборови е едноставна: започнуваат циклус на позитивни емоции.

9. Топлина

Психолозите веруваат дека постои директна врска помеѓу физичкото чувство на топлина и појавата на сочувство. Кога на некое лице му е топло, новиот познаник му е убав, а ако се тресеме од студ, тогаш дури и не сакаме со никого да разговараме. Затоа, подобро е да се организира состанок во пријатно кафуле, а не во парк со снег.

Сподели на Facebook
пати видено