Дали некогаш сте посакале да го одморите својот мозок и да не размислувате за ништо? Секој би сакал од време на време да ги исклучи своите и мисли и на тој начин да се одмори од многубројните грижи и обврски. Но, тоа е невозможно.

Мозокот непрестајно работи и размислува, дури и кога спиеме. Не е возможно да го ставиме во празна состојба, ништо да не работи, колку и да го посакуваме тоа.

mozok

Научниците сметаат дека токму нашите предци коишто постојано размислувале, успевале да се спасат од ненадејните напади и така да преживеат. На пример, ловците морале постојано да бидат на штрек за од некоја грмушка да не скокне некое диво животно и да не ги изненади. Токму благодарение на тоа нашиот мозок еволуирал во орган кој постојано размислува. Иако денес не ни се закануваат опасности како порано, нашиот мозок сепак не може да се исклучи.

Работата на мозокот всушност е доста впечатлива. Кога се одмараме, тој троши околу дваесет отсто од нашата вкупна енергија, иако зазема само два отсто од вкупната просечна тежина. На кратко кажано. Постојаната работа на мозокот е токму тоа што направило луѓето да станат најдоминантниот вид на планетата.

Но, тоа може да претставува проблем кога од главата не можеме да ги исфрлиме негативните или лошите мисли. Таквите мисли можат да влијаат на зголемувањето на нивото на стрес и лошото расположение. Најдобрите начини за борба со негативните мисли се: излегување со пријателите, патување, дружење, физичка активност и медитација.

Сподели на Facebook
пати видено