Еден човек купил новo BMW и како што е ред, нагазил малку повеќе на гаста. По некое време, забележал дека го брака еден полициски автомобил со вклучени светла. Возачот си рекол: „Јас сум со BMW, нема шанси да ме стигне“ и уште повеќе забрзал. Но, полицаецот бил многу упорен, па по неколку минути брканица, сепак возачот решил да застане, за да не си ја влошува ситуацијата. Полицаецот се приближил до BMW-то и му рекол:
– Слушај ме сега. Денес имав тежок ден, сега ми завршува смената, а плус е и петок 13-ти. Не сакам сега да пишувам казни, па ако ми кажеш зошто возеше побрзо од дозволеното и ако имаш добар изговор, каков што никој не смислил до сега, ќе те пуштам.
Возачот помислил кратко и рекол:
– Господине полицаец. Минатата недела жена ми избега со еден полицаец.
– Каква врска има тоа со твоето брзо возење?
– Се уплашив, помислив дека е тој и дека ме брка за да ми ја врати.
Полицаецот му рекол:
– Имајте пријатен викенд, господине!

Сподели на Facebook
пати видено