Јапонија е неверојатна за безброј причини, но мојот најважниот дел може да се сумира во три збора: грижливоста за другите. Во Јапонија луѓето ги земаат останатите во предвид, наместо да мислат само на себе. Земете нешто едноставно, како да им дозволите на луѓето да поминат на ескалатор. Во другите земји можете да направите знаци, а луѓето пак нема да слушаат. Во Јапонија сите автоматски ја прават исправната работа, за да го направат животот полесен за сите останати. И така е со сѐ останато.

Можете да дремнете во преполно метро, затоа што луѓето се тивки. Можете да уживате во чистите улици, затоа што луѓето не загадуваат. Можете да се чувствувате како благородник, затоа што луѓето ќе ве послужат со насмевка и поклон. Културата на почит креира неверојатно безбедна атмосфера, која води до модерни чуда.

Во прометно кафуле можете да го оставите телефонот или лаптоп и нема да ви биде украден. Можете да го паркирате велосипедот надвор и ќе биде таму кога ќе се вратите. Иако секој може да си замине со него, во Јапонија, тоа едноставно не се случува. Можете дури да најдете скутери на улицата со оставени клучеви.

Кога култивирате општество во кое луѓето се грижливи за другите, животот е подобар за сите. Тоа е лекција која остатокот од светот може да ја научи од Јапонија.

Сподели на Facebook
пати видено