Црвената точка ги штити специјалците во темни простории, бидејќи присуството на осветлен круг на црна позадина создава психолошки ефект.

Кога одеднаш, при упад во тена просторија се појавува група специјалци во темни униформи, со темни штитови, сето внимание на противникот го привлекува единствена светла точка во центарот на штитот. Најчесто тоа е местото во кое вооружениот крминалец интуитивно ќе почне да пука, а тоа е најбезбедниот дел на штитот.

Освен тоа, светлата точка во центарот ги прави тешко забележливи деловите на телото што излегуваат од него. Испакнатите раце и нозе стануваат помалку видливи, тие прават визуелна целина со штитот и тешко се забележуваат.

Понекогаш дури се користи и флуоресцентна боја, која блеснува како фенерче и ефектот е уште поголем.

Сподели на Facebook
пати видено