Многу време се губи во транзитот, од неколку часови помнати во чекање на аеродромот, до голем метеж во сообраќајот. Но дизајнерското студио со седиште во Торонто, Априли, го подготви футуристичкото решение кое може да ги претвори тие изгубени часови во ефикасно поминато време.

Концептот на „Autonomous Travel Suite“ на фирмата ја комбинира удобноста на хотелската соба со моќта на автономното возење.

Замислете го тоа како такси во кое можете да спиете, да работите и да јадете додека патувате до вашата дестинација, да не ја спомнуваме храбрата визија за иднината на транспортот.

Автономната хотелска соба е полноправно транспортно решение кое е опремено со основни објекти за спиење, работа и хигиена, овозможувајќи им на гостите да го искористат времето за патување поефикасно и продуктивно. Ќе може да се повика преку апликација, а Априли гледа Автономната патничка соба да биде дел од многу поголема „мрежа на хотелски објекти“, каде што индивидуалните соби ќе моќат да се приклучат за да им понудат на клиентите уште повеќе удобности.

Непотребно е да се каже дека ова е многу амбициозна идеја. Ние дури сѐ уште не знаеме како автономните возила безбедно да ги вклопиме во сообраќајот. Сепак, концептот на Априли е ветувачка идеја која може да ја смени целата парадигма на патувањето – и да ги направи некои од најдосадните часови на патување погодни, удобни и ефикасни.

Сподели на Facebook
пати видено