Професорот по математика решил да се пошегува со Зоки Поки пред целиот клас:
– Ученици, ако Зоки ја реши следнава задача ќе му ставам 5-ка:
„Патувам во авион на 1.600 м. надморска височина. Авионот се движи со брзина од 565 км на час. Во авионот има 195 патници, 2-ца пилоти, 5 стјуардеси, 2.800 кг. багаж, шеќерот се потрошил, а 7 патници сакаат кафе! Колку години сум јас?“
Во училницата настанува мртва тишина.
– Ха, па тоа е лесно, 44 – вели Зоки со досаден глас.
Професорот многу се зачудил, бидејќи тој всушност бил 44 години.
– Баш ме интересира како пресмета бе Зоки?
– Па, многу лесно! Имам брат кој има 22 години и е полу-идиот!

Сподели на Facebook
пати видено