На кожата е истетовирана таинствена клетва напишана на санскрит, од страна на некој маѓосник во Тајланд и истата со години го спречува процесот на распаѓање на телото. Телото на мажот не е мумифицирано со никаква досега позната техника на мумифицирање, и не е поставено во специјален саркофаг во некоја херметички затворена гробница. Наместо тоа, останките се положени во најобичен гроб на гробишта на границата со Лаос, заедно со десетици негови соселани од Мукдахан. И покрај тоа, трупот со чудни цртежи и натписи на грбот веќе десетлетија по ред не се распаѓа.

cm

Чудниот наод е најден случајно од локални гробари, кои биле задолжени да ги прекопаат гробовите и да ги преместат на нови гробишта. Кога го виделе нераспаднатото тело, биле запрепастени и ужаснати, и многумина од нив панично избегале откако ја виделе мумијата, убедени дека телото носи зло и е плод на црна магија.

Во Мукдахан пристигнала група научници испратени по наредба на централните власти, откако злокобната вест брзо пристигнала до Бангкок. Експерите докажале дека всушност станува збор за генетска деформација на покојникот, а не за некакви окултни дејанија. Тие утврдиле дека мастилото на тетоважата е направена од крв на тигар. Буквите се на древен санскрит, а цртежите дел од локалната митологија. Сепак, локалните жители се убедени дека трупот на нивниот одамна погребан соселанин е положен во земјата со црна магија, која одамна не се практикува и е исчезната во тие краишта.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено