Во раните 1980-ти, бразилскиот фотограф Себастиао Салгадо отпатувал до рудниците Сера Пелада, околу 430 километри јужно од устието на Амазонската река, кадешто била во тек злогласната златна треска. Неколку години порано, едно дете нашло грутка од 6 грама злато на бреговите на локална река, предизвикувајќи една од најголемите трки по злато во современата историја. Мотивирани од сонот за брзо збогатување, десетици илјади рудари се слеале како мравки во огромната јама која ја ископале во т.н. „Гола Планина“. Салгадо снимил некои од најмрачните сцени таму, истакнувајќи ги ризичните услови во кои работеле и очигледното лудило и хаос на целата таа операција.

Една од фотографиите којашто најмногу предизвикува вртоглавица прикажува стотици работници како се пентарат по високи скали, спуштајќи се вертикално во дупка која наликува на влез во пеколот. Подоцна, зборувајќи за фотографиите кои го пленат вниманието, Себастиао Салгадо раскажал: „Ми се накостреши секое влакно на телото. Пред очите ми излегоа пирамидите, целата историја на човештвото. Отпатував до зората на времето.“

sp01

За време на својот подем, рудникот Сера Пелада бил работно место на околу 100.000 копачи на злато, или гориемпеироси, коишто работеле во ужасни услови, на место кадешто дивееле насилството, проституцијата и смртта. Копачите ја копале земјата на дното во отворената јама, ја полнеле во вреќи од кои секоја тежела од 30 до 60 килограми, и потоа ги качувале вреќите нагоре по скали од 400 метри направени од дрвја и јажиња кон врвот на рудникот, кадешто земјата ја просејувале за да го издвојат златото. Во просек, на работниците им било плаќано по 20 центи за секоја вреќа, плус дополнителна награда доколку најдат злато. Илјадници малолетни девојчиња ги продавале своите тела за неколку парченца злато, додека во блискиот град, кадешто живееле работниците, се случувале 60-80 нерешени убиства секој месец.

Три месеци по откривањето на златото, бразилската војска презела дејствие да ја спречи експлоатацијата на работниците, како и да спречи судир помеѓу работниците во рудникот и сопствениците. Владата се согласила да го откупи сето злато од гаримпеиросите по цена која изнесувала 75 отсто од цената на Лондонската берза за метали. Официјално, биле идентификувани нешто помалку од 45 тони злато, но се проценува дека околу 90 отсто од златото најдено на Сера Пелада било прокриумчарено.

Копањето морало да биде напуштено кога јамата се поплавила, што ја спречило понатамошната потрага. Геолошките испитувања проценуваат дека таму сѐ уште би можело да има околу 20-50 тони злато, закопано во калливото езеро, во кое сега е претворена јамата. Во 2012 година. Во 2012 година, откако во голема мера рудникот останал недопрен цели 20 години, на една бразилска компанија ѝ била издадена дозвола за истражување на државниот имот, во обид да се развие рудникот Сера Пелада.

sp02 sp03 sp04 sp05 sp06 sp07 sp08 sp09 sp10 sp11 sp12 sp13 sp14 sp15 sp16 sp17 sp18

Сподели на Facebook
пати видено