Гламурозна и софистицирана, со 7 спални соби со сопствени бањи, куќата е дизајнирана во медитерански стил.
За ваквите ексклузивни домови, првиот впечаток е сè! Па така уште на првото влегување се забележува грандиозниот таван, а понатаму ќе го видите и сопствениот мост внатре во куќата. Просториите се доволно големи, особено дневниот салон во кој може да приредите безбројни забави со многу гости, а истовремено е значително куќата комотно уредена за фамилијарен живот.
Теретана, просторија за спа третмани, маси за билјард, огромно кино, главна спална соба голема колку трисобен стан, грандиозни шандалири и на крај сето украсено со неверојатен поглед кон модернистичкиот и урбан центар на Дубаи, куќата навистина одзема здив!
Моментално е на пазарот, па побрзајте ако ја сакате! 😀

Сподели на Facebook
пати видено