За лепрата вообичаено се мисли како за болест која била искоренета многу одамна, но во многу краишта на светот сѐ уште има луѓе кои секојдневно живеат со оваа подмолна заразна болест, при што секоја година се забележуваат околу 200 000 нови случаи. Болницата Курупаити во Рио де Жанеиро, Бразил, е една од „колониите на лепрозни“, при што практично исто како во минатите времиња лепрозните се оставени да живеат сами на некое место, изолирани од другите луѓе.

Фотографот Фабио Теиксеира ја посетил оваа болница која се наоѓа во областа Џакарепагуа во Рио де Жанеиро – која се наоѓа на само осум километри од стадионот каде што минатата година се одржаа Олимписките игри, и ги снимил овие надреални фотографии. Тој открил дека за жителите на ова место не се грижат никакви доктори, хигиената е на очајно ниво, па дури може да се каже дека немаат ниту соодветни простории со минимални услови за нормален живот.

Минатата година медиумите известуваа дека во ходниците на болницата биле забележани стаорци и кучиња, а болницата ја посетуваат и проститутки, со што уште повеќе се зголемува заканата за ширење на болеста. Лепрата, или Хансеновата болест, е болест која ја пренесуваат бактерии. Индија го има највисокиот број на заразени од лепра, а по неа следува Бразил.

lp01 lp02 lp03 lp04 lp05 lp06 lp07 lp08 lp09 lp10 lp11 lp12 lp13 lp14 lp16 lp17 lp18 lp19 lp20 lp21 lp22

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено