Франсоа Л’Олонел бил познат француски пират кој живеел во 17 век. Неговата пиратска кариера траела 10 години – од 1660 до неговата смрт во 1668 година. Во тој период успеал да си создаде жестока репутација, по која е познат денес. Франсоа сè уште се смета за еден од најбезмилосните и најсуровите пирати што некогаш живееле.

Тој е роден во 1636 година во градот Ле Сабле Д’Олон( град по кој го добил и прекарот), а неговото вистинско име било Жан-Давид. Не се знае многу за неговото рано детство, освен тоа што бил однесен на островот Хиспаниола, на Карибите за да служи како слуга. Според некои извори, тој останал таму 10 години, но според други, Франсоа успеал да избега три години откако бил однесен на островот.

Тој одлучил да остане на Карибите и да им се придружи на Буканерите, т.н пирати кои напаѓале бродови на Карибите во 17 и 18 век. Буканерите претежно биле од Франција и Англија и најчесто напаѓале Шпанци. Франсоа не бил исклучок. Заедно со други пирати, тој ги ограбувал и убивал шпанските колонисти на Карибите. Неговиот талент бил забележан од францускиот гувернер на Тортуга, кој му дал личен брод. Франсоа брзо се здоби со репутација како суров пират, бидејќи немилосрдно ги убивал сите кои биле на бродот, што тој ќе го заплени.

Во 1663 година, бродот на Франсоа удрил во брегот на полуостровот Јукатан. Иако тој и неговите мажи преживеале, биле нападнати од шпанските трупи. Најголем дел од луѓето на Франсоа загинале, а се верува дека само Франсоа преживеал така што си го измачкал лицето со крв и легнал на земјата за да ги измами Шпанците. Потоа Франсоа се облекол како Шпанец, отишол во Кампече и оттаму успеал да се врати во Тортуга.

Тој е најпознат по тоа што е еден од првите пирати што извршиле напади на копно. Оваа стратегија му помогнала многу пати, вклучувајќи го и нападот на градот Маракаибо во Венецуела. Тој се наоѓа по должината на теснецот на Заливот на Венецуела и езерото Маракаибо, и бил добро чувано од оваа страна. Меѓутоа, наместо да го нападне градот на страната на теснецот, Франсоа одлучил да нападне од копно – дел од градот кој не бил заштитен. Благодарение на оваа стратегија, пиратите го освоиле градот со извонредна леснотија.

За време на неговата последна експедиција во 1668 година, Франсоа собрал шест бродови и вкупно 700 мажи кои се упатиле кон Никарагва. Сепак, тој го погрешил патот и се нашол во Заливот на Хондурас. Пиратите одлучиле да ги нападнат шпанските населби во таа област и на крајот се упатиле кон Сан Педро Сула, близу до рудник за злато во сопственост на шпанската влада. Пиратите биле нападнати од шпанските војници и биле принудени да се повлечат, но успеале да заробат неколку шпански војници.

За време на испрашувањето војникот не сакал да му го каже тајниот пат до рудникот на Франсоа, па затоа тој му го откорнал срцето пред останатите. Тогаш тие му одговориле на сите прашања. Но кога се упатил Франсоа кон дадената локација сфатил дека златото не се наоѓа таму. Многу од неговите луѓе го напуштиле. Останатите се упатиле кон Никарагва, но биле заробени од индијанското племе наречено Куна.

Франсоа бил раскинат и изгорен од членовите на племето. Ова е крај на човекот кој со својата суровост и безмилост го добил прекарот „Џелатот на Шпанците.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено