Што е тоа што би го виделе ако животот ви мине пред вашите очи како на филмска лента? Краткиот анимиран филм наречен „Во пад“ од авторот Стив Катс раскажува приказна за последните мисли на човек кој се сопнува од покривот на една зграда и паѓа во прегратките на смртта.

Како што паѓа, пред очите му се појавува филмско платно на кое се појавува најавата „Ќе умреш, и еве ги најдобрите делови од твојот живот.“

Потоа следува тоа и што би се очекувало: топли спомени од деството со сладолед, играчки, пријателства и хобија. Потоа следуваат тинејџерските години со забава, танцување и романси. Но, што се случува следно? Погледнете го филмот за да дознаете. Наравоучението е: Животот е краток и потоа умирате… Затоа потрудете се животот да ви е исполнет со убавина и радост секој Божји ден!

Сподели на Facebook
пати видено