Ние често им завидуваме на супермоделите. Нивните лица се наоѓаат на насловните страни на списанијата, тие се поканети на модните недели во најубавите светски метрополи, секогаш се во центарот на вниманието. Милионите кои ги заработуваат се исто така уште еден „плус“.

Сепак овие супермодели се обични луѓе кои исто како и останатите прават фатални грешки и можат да бидат многу несреќни. Ова е животната приказна на Настасија Урбано, жена, чија убавина дојде на врвот на популарноста во 1980-тите години.

Идниот супермодел бил роден во Швајцарија, но се преселила во Шпанија со родителите како дете. Во оваа земја младата убавица се сретнала со фотографот Фабрицио Фери, кој ѝ го открил светот за модата и ѝ помогнал да ја освои Европа.

Сепак, во тоа време само оној што имал договори со странски агенции можел да се смета за навистина успешен модел. Затоа, кога Настасија добила понуда за соработката со агенцијата Њујорк Форд Модели, таа не се двоумела да ги спакува куферите. Работата со Форд ѝ помогнала на девојката да стане славна личност.

Како што се сеќава Настасија, американскиот период од нејзиниот живот бил еден од најсреќните. Таа била лицето на светските брендови како Revlon и Yves Saint Laurent, позирала за Vogue, New Woman и Redbook. Нејзините приходи биле навистина огромни: дури и ако работела само 20 дена од 365 во годината, таа била платена околу 1 милион долари годишно.

Во исто време, Настасија се запознала со познати личности. Таа вечерала со Енди Ворхол и Роман Полански, се запознала со Џек Николсон и одела на забави со Мелани Грифит. Таа и нејзиното момче, актерот Дејвид Кит, биле поканети на свадбата на Мадона и Шон Пен. Но, тие ја пропуштиле церемонијата затоа што страдале од ужасен мамурлак тоа утро и едноставно не можеле да станат од кревет.

Сѐ се променило кога Настасија го запознала својот иден сопруг. Тој не бил позната личност и таа не го откривала неговото име и до ден денес го нема направено тоа. Но, сега таа признала дека уште на вториот ден откако се запознале и кажал дека сака ново БМВ, а таа целосно заљубена напишала чек на негово име.

Наскоро се венчале и добиле две деца. Сопругот на Настасија не работел ништо и продолжил да ги троши парите на неговата сопруга. Кога ѝ ги потрошил сите пари си заминал, а Настасија морала да се откаже од кариерата за да се грижи за двете деца.

Долго време таа заработувала за живот така што се грижела за постари лица. Но, поради нејзиниот артритис морала да ја напушти оваа работа. Наскоро била избркана од изнајмениот стан, бидејќи немала со што да плати наемнина. Децата на жената во тоа време веќе живееле одделно.

Понекогаш Настасија ја поминувала ноќта кај пријателите, понекогаш – во фоајето на банките, кои биле отворени 24 часа за клиентите кои сакаат да користат банкомати. Урбано честопати морака да проси за храна. 57-годишна жена со сериозни проблеми развила депресија.

Ќерката на поранешниот супермодел, Ребека, имала анксиозно растројство, а Настасија верувала дека таа е виновна за тоа. Избегнувала контакт со децата и не барала помош од нив. „Тие се возрасни, тие имаат свои животи. Сакам да ме видат силна, способна да се грижам за себе.“, вели таа.

Луѓето кои ја познавале додека била модел исчезнале од нејзиниот живот. Но, неколку кои сега дознале за нејизната тешка ситуација решиле да ѝ помогнат. Поранешниот модел Хернандо Херера барал фотографи и агенции кои ќе ѝ понудат договор на Настасија. И актерот Даниел Мирабал организирал хуманитарна вечера за Настасија.

Сега Настасија повторно става фотографии од себе на социјалната мрежа Инстаграм, а покрај тоа, една од познатите шпански агенции за модели е подготвена да и понуди договорот. Сега таа повторно се смее и објавува фотографии со своите деца.

Сподели на Facebook
пати видено