Статистичките податоци велат дека веќе изгубивме 43% од африканските лавови, а на пат сме да ги изгубиме и слоновите поради ловокрадството и уништувањето на нивните живеалишта. За среќа, постојат луѓе кои толку многу ги сакаат животните, зашто едноставно не можат да се држат настрана од оваа криза.

Во 2017 година Дин Шнајдер, успешен млад човек од Швајцарија, се откажал од својата работа, продал се што имал и се преселил во Африка со мисија да им помогне на животните кои имаат потреба.

Тој се откажал од ветувачка кариера и продал се што имал за да им помогне на животните во Африка.

Дин Шнајдер, од Цирих, Швајцарија, се заљубил во животните, а особено дивите животни на многу рана возраст, и давал поддршка на разни проекти за заштита на животните. Поради неговата страст кон дивиот свет, тој донел одлука да се откаже од својата кариера како финансиски планер и да ги продаде сите негови работи за да започне сопствен проект во Јужна Африка.

Дин вели дека најпрво неговото семејство и пријатели не го поддржувале, но откако сфатиле колку е важно за него, и колку сериозен бил тој, конечно го прифатиле неговиот нов начин на живот.

Во Јужна Африка, Дин започнал проект наречен Хакуна Мипака кој на свахили значи „без граници“. Хакуна Мипака е големо светилиште кое станало дом за многу злоупотребени животни: од заробени животни, до спасувања од дивината, до диви залутани животни. Многу од нив биле спасени од приватни зоолошки градини, каде што луѓето што ги чувале во страшни услови.

Луѓето често го прашуваат Дин зошто тој не ги врати во природа некои од овие животни, а неговото објаснување е едноставно: животните што се одгледуваат во заробеништво не можат да ловат, и едноставно не можат да преживеат без човечка помош.

Ловокрадците загрозуваат цели видови на африкански животни

„Ловокрадеците ги продаваат канџите и забите на животните на црниот пазар, поради причини кои се движат од суеверие до традиционална медицина. И овие се продаваат на локалниот пазар и во Азија.“, вели Дин.

„Недостатокот на човечко образование и недостаток на разбирање за животните се големи проблеми. Иако не постојат научни докази, сè уште постои широко распространето верување дека глуварчињата и канџиите на животните можат да излечат многу заболувања.“, додава тој.

Досега Дин спасил десетици животни и направи многу за да ги едуцира луѓето и да ја подигне свеста

Резерватот е распространет на површина од 400 хектари и има 6 воорушени чувари кои го штитат. Секое животно што влегува во светилиштето го испитува ветеринар и ги дава неопходните третмани. Наместо да живеат во кафези, животните уживаат во пространи кампови со дрвја, треви и природна почва.

Животните што Дин и неговиот тим ги спасиле досега вклучуваат лав наречен Декстер, кој бил земен од ужасни услови на одгледувач на лавови и се покажал како најслатката мачка и хиена по име Чаки која е исклучително пријателски расположена и покрај страшната репутација од хиени. Светилиштето е дом и за многу други видови како ракуни, мајмуни, змии, игуани и гепарди, кои се само неколку од многуте.

Сподели на Facebook
пати видено