Протегајќи се над карпа на 1100 метри надморска височина, небесната патека во Долни Морава е кружна структура којашто на посетителите им овозможува да ги кренат своите глави во облаците. Извивајќи се како класичен ролеркостер на планината Кралицки Снежник, оваа градба нуди панорамски глетки над реката Морава и планините Крконоше.

Дело на архитектите Франек, патеката од дрво и челик е дизајнирана да се втопи во околината, а не да го наруши изгледот на природата. Со суптилна угорнина и широка патека, структурата е удобна и за лицата со специјални потреби, како инвалидите и слично. За разлика од стаклениот под на градбите како кинескиот мост Хаохан Чиао и чикашкиот Вилис Тауер, Небесната Патека се одликува со многу позастрашувачка мрежа, на којашто похрабрите посетители можат да легнат и да уживаат во глетката под нив. Покрај мрежата, градбата содржи и лизгалка долга сто метри. Навистина атрактивно одредиште за локалните и странските туристи.

cz01 cz02 cz03 cz04 cz05 cz06 cz07 cz08

Сподели на Facebook
пати видено