Аманда Хакингс ги оставила своите две ќерки во топол автомобил цели 15 часа и отишла да се забавува со пријателите. Помалото девојче имало една година а поголемото две. Тие плачеле се додека не се онесвестиле и веќе биле во критична состојба кога биле однесени во болницата.

19-годишната девојка од Тексас се забавувала со пријателите и нејзиниот 16-годишен љубовник во куќа во близина на автомобилот. Пријателите ја предупредувале Аманда да излезе и да ги види децата но таа ги игнорирала. Таа ги оставила во автомобилот во 9 часот навечер, кога моменталната температура била 32 степени целзиусови.

Од полицијата велат дека во еден момент во автомобилот влегол да спие и 16-годишниот љубовник на девојката, но ниту тој не ги изнел надвор девојчињата. Нејзиниот сопруг, Исак наводно не знаел дека неговата сопруга на тој начин ги напуштила децата.

Кога младата мајка конечно решила да го провери децата сфатила дека се во бесознание и решила да не оди во болница за да не западне во неволја. Но тогаш нејзиниот љубовник ја убедил дека на малите Брин и Адисон им е потребна лекарска помош таа дури наредниот ден решила да ги однесе во болница.

Таа му кажала на лекарот дека се онесвестиле откако помирисале цвеќе во паркот. Лекарите сфатиле дека Аманда лаже и таа била испрашувана од полицијата се додека не го признала своето дело. Нејзината пријателка Мириам вели дека забележала како Аманда лошто се однесува со децата и не се грижи за нив и сега жали што не ја пријавила порано.

Аманда е обвинета за негрижа и загрозување на животот на децата, но поради тоа што девојчињата починале најверојатно ќе и биде изречена друга пресуда.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено