Државниот универзитет на Њујорк откри нешто интересно!

Истражувањето на американските научници сигурно ќе направи многу мажи да се насмевнат. Тоа покажало дека жените кои уживаат во оралниот секс општо земено се чувствуваат посреќни и поретко страдаат од депресија. За да ја дознаат причината за тоа, истражувачите во своето истражување опфатиле 293 студентки од нивниот кампус во Албени.

Девојките пополниле т.н. Беков прашалник за определување на симптомите на депресијата, а потоа раскажувале за своите сексуални навики. Според резултатите, научниците дознале дека честотата на сексуалните односи кај девојките не е во тесна врска со нивното секојдневно настроение, но затоа пак подготвеноста или неподготвеноста на орален секс силно влијаела на истото.

Уште еден интересен факт: се покажало дека на психичкото здравје на жените влијае дури и тоа дали за време на сексот мажот употребува кондом или не. Се испоставило дека ако употребуваат, благотворниот ефект на таквиот секс врз нивното душевно здравје е речиси еднаков на нула.

oralen-seks

Во што е работата?

Научниците велат дека спермата да ти била високо опоен коктел кој во себе содржи психотропни супстанци.

Прво, таа содржи серотонин – силен невротрансмитер и природен антидепресив.

Второ, таа исто така содржи и окситоцин – супстанција која предизвикува вљубување и приврзување кон други луѓе.

Трето, во спермата може да се најде и мелатонин, супстанција која прави луѓето да се опуштат и подобро да спијат.

Четврто, таа содржи тиреотропин, уште еден природен антидепресив. Се разбира, научниците не препорачуваат сите веднаш да се препуштите на незаштитен секс. На крајот на краиштата, ризикот поврзан со таквото однесување е премногу висок. Но ако сте со постојан партнер и сте сигурни во неговото здравје, а денес денот ви бил особено тежок, знаете што треба да направите!

oralen-seks2

Сподели на Facebook
пати видено