Со колку точно жени спиел Фидел Кастро? Според некои претпоставки, тие се над 3000. Според други, десет пати повеќе. Во Куба се зборува дека личното обезбедување на Ел Команданте лично собирало убавици за во спалната на диктаторот. Тоа најмногу се случувало по плажите, каде што најјасно можеле да се видат совршените мерки на убавиците. Како што раскажуваат, никоја не ја одбила поканата. Едноставно така бил редот во Куба. Но, дали диктаторот некогаш бил навистина вљубен? Која е жената на која мислел во своите последни часови? Прашања на коишто веројатно никогаш нема да добиеме одговор.

fd01

Но, едно е јасно – додека беше жив, жените го обожуваа Кастро – го сакаа, но и го предаваа со еднаква страст. Првата која му го сврте грбот беше токму неговата сестра Хуанита. Таа се покажа како еден од најопасните агенти на ЦИА и повеќекратно изјавува дека за ништо не го поддржува режимот наметнат од нејзиниот постар брат. Дали самата таа некогаш се обидела да го убие Фидел? Според властите во Хавана тоа се случило најмалку пет пати. Според ЦИА, никогаш.

fd02

Меѓу жените кои му биле љубовници, но и го шпионирале била и легендарната американска шпионка Марита Лоренс. Таа паднала во прегратките на Кастро во 1959 година, кога имала само деветнаесет години. Меѓу нив се раѓа бурна љубовна романса, но набргу се разделуваат, а девојката забременила и абортирала. Една година подоцна, Лоренс се враќа во Куба со задача од ЦИА да го отруе Кастро, но не успеала да го стори тоа. Пред да ја напушти Куба се покајала и му го открила заговорот на Фидел, признавајќи му дека сѐ уште го сака.

fd03

Сподели на Facebook
пати видено