Две жени со добро срце спасуваат стари квачки од живинарска фарма, наоѓајќи им нов дом. Тие поседуваат повеќе од 60 квачки од коишто половината го поминале својот живот во кафез и не се способни да се прилагодат на нормалните временски услови.

Никола Конгдон и нејзината мајка Ан од Корнвел, Англија, дошле до нов начин како да ги стоплат – им плетат волнени пилешки џемпери. „Важно е луѓето да станат свесни за тешките услови во кои живеат кокошките и дека кога ќе остарат, тие всушност немаат пердуви“, вели Никола. „И од Канада почнаа да ни бараат џемпери. Кога некој ќе побара да купи, ние му бараме да подари пари за сиропиталиште со деца болни ид СИДА во Јужна Африка.“

kk01 kk02 kk03

Сподели на Facebook
пати видено