Жената која испратила 1.4 милион долари на онлајн љубовник од Африка без воопшто да го запознае ја бранела својата одлука велејќи дека е 95 проценти сигурна дека тој ја сака. 46-годишната Сара, која двапати се разведувала, се запознала со Крис Олсен на интернет пред година и половина. Со текот на времето, акцентот на човекот се сменил од италијански во африкански, и продолжувал да бара од неа да му прати пари на разни локации, но Сара е цврсто убедена дека тој ја зборува вистината.

sarah-1

Според неа, Крис безброј пати се обидел да дојде во САД за тој и Сара да бидат заедно, но за жал постојано го апселе под лажни обвиненија.

Во интервју за Д-р Фил, Сара открила дека со Крис зборува со часови на телефон секој ден. Опишувајќи го моментот кога се запознале, таа вели:

„Дојде една привлечна личност и ми кажа „леле, изгледаш како дека не би повредила и мушичка“. Си помислив, „леле овој човек е навистина згоден, не ми се верува дека зборува со мене.“

sarah-2

Човекот ѝ кажал дека се вика Крис Олсен и дека потекнува од Милано, но во САД се преселил пред 18 години. Во моментот се наоѓа во Африка поради бизнис и таму живее повеќе од година и пол.

Сподели на Facebook
пати видено