Андреа Гејлорд морала да избега од својот дом откако бил зафатен од големите шумски пожари во Калифорнија.

Андреа и нејизниот сопруг имале две домашни миленичиња, кучињата Мадисон и Мигел. Но, бидејќи пожарот многу брзо се ширел тие не успеале да ги земат со нив за време на евакуирањето.

Жената изјавила дека секој ден се молела дека нејзините кучиња се живи, а за среќа молитвите ѝ биле слушнати. Мигел бил пронајден неколку дена пред Андреа да се врати за да го види она што останало од нејзиниот дом. Таа и спасувачите се шокирале кога ја виделе Мадисон како трпеливо чека, дури по еден месец, пред опожарената куќа.

Мадисон не се откажала и продолжила да го чува домот. Таа била пресреќна и кога повторно се видела со нејзиниот брат Мигел. Андреа сакала да се врати по своите кучиња, но поради сериозноста на пожарите и ситуацијата, добила дозвола дури по еден месец.

Луѓето од службата за спасување на животни велат дека ја забележале Мадисон неколку пати и ѝ оставале храна, но не можеле да ѝ се доближат и не знаеле на кого припаѓа кучето.

Сподели на Facebook
пати видено