Додека огромните пожари продолжија да беснеат низ источниот брег на Австралија, една мала коала се обидуваше да го премине патот близу Лонг Стан, 49 км западно од Порт Меквари, Нов Јужен Велс. Опкружено со пламен, повреденото животно изгледаше безнадежно ранливо. Тогаш, една локална жена – Тони Доерти – се упатила да ѝ помогне на коалата.

Ризикувајќи ја сопствената безбедност, таа ја соблекла кошулата и го замотала животното во неа. Потоа искористи шише со вода за да ѝ ја угаси жедта и да ѝ ја излади изгорената кожа и во видеото најдоле може да се слушне „плачот“ на кутрото животно.

Тони потоа ја однела повредената коала сега наречена Луис заедно со нејзиниот внук во блиската болница во Порт Меквари Коала, специјализирана установа која во моментов лекува голем број повредени коали. Болницата сега го лекува Луис, но неговото здравје „е во рамнотежа“.

Тони повторно се сретна со Луис откако го поминал третманот за неговите изгореници. Во пожарите животите ги изгубија над 350 коали и дури 75% од жариштата на пожари се живеалишта на коалите.

 

Сподели на Facebook
пати видено