„Жената-мачка“ Џослин Вајлденстин го продава нејзиниот простран апартман од 13 милиони долари по нејзината бучна разделба со модниот дизајнер и поранешен дечко Лојд Клајн. Овој стан со осум спални соби и шест бањи го зазема речиси целиот педесет и први кат во Трамп Кулата во Менхетен. Вајлденстин првин купила два соседни апартмани во 2001 година за потоа да купии трет и да ги спои во еден огромен апартман со поглед од 360 степени кон Менхетен. Се верува дека потрошила вкупно 6 милиони долари само за тоа, и потоа уште дополнителни ммилионски суми за раскошните реновации и ентериер.

Таа се надева дека доколку го продаде, ќе оствари значителен профит со поставената цена од 12, 950 000 долари. Парите добро би ѝ дошле за оваа љубителка на ппластична хирургија која тврди дека банкротирала по нејзиниот развод со дилерот на уметнички слики Алек Вајлденстин.

wd01 wd02 wd03 wd04 wd05 wd06 wd07 wd08 wd09 wd10

Сподели на Facebook
пати видено