Стив и Камре Курто се заедно веќе 10 години. Сепак откако Камре ги изгубила сеќавањата веднаш по породувањето таа не може да се сети на ниту еден нивен заеднички момент.

Стив тогаш почнал да бара начин како да ја потсети својата сопруга на долгите години брак и љубов. Така 38-годишниот човеок од Мичиген, САД решил да напише една специјална книга.

На нивната 4-та годишнина од свадбата Стив ја објавил книгата, која самиот ја напишал, со наслов „Но јас знам дека те сакам“ која ја раскажува љубовната приказна на парот уште од самиот почеток. Додека 31-годишната Камре ужива во читањето на книгата таа сѐ уште не може да се сети на било што, што е напишано во неа.

На почетокот на бременоста Камре немала поблеми, но во 33-тата недела почнало да ѝ отекува грлото и Стив ја однел во болница, каде што таа доживеала тежок напад. Лекарите успеале да направат итен царски рез и се родил малиот Гавин. Сепак, со нападот Камре доживеала и катаклизмичен мозочен удар што ги зафатил и двете страни на нејзиниот мозок. И нејзината долготрајна и краткотрајна меморија беше избришана како резултат на тоа.

По породувањето таа поминала 30 дена во болницата, а нејзиниот син 36 дена. Лекарите велат дека ваквитр случаи се неверојатно ретки. Лекарите подоцна заклучиле дека Камре имала недијагностицирана прееклампсија, која според Националниот институт за здравство, е состојба на висок крвен притисок поврзан со бременоста, што го намалува протокот на крв во фетусот.

Во текот на првите месеци од нејзиното закрепнување, Камре живееше со нејзините родители, додека Гавин остана со Стив дома. Сепак, една вечер додека седеле на каучот му дала храброст повторно да се обиде да ја освои својата сопруга и да остане со неа:

„Седевме на каучот и таа ми рече, јас не знам кој си ти, но знам дека те сакам. Тоа отсекогаш се залепи за мене. Тоа беше движечката сила зад сè. Кога ја запознав Камре, ме натера да сакам да бидам подобра личност и тоа е она што го сакав за неа. Тогаш тоа се случи и јас едноставно немаше да се откажам од надеж дека ќе можеме да го вратиме она што го имавме. Оваа девојка, таа нема идеја кој сум јас, но ме сака и ние ќе направиме оваа работа да успее.“

Сега две години по случката Камре се сеќава на нејзиниот сопруг и синот и ѝ е вратена краткотрајната меморија. Тие сега создаваат нови спомени, иако таа вели дека ѝ е многу жал што не се сеќава на првите 2 години од животот на нејзиниот син.

Сподели на Facebook
пати видено