Една вечер сопругата го пратила мажот по цигари. Продавницата била затворена, па тој отишол до соседниот бар, каде што имало автомат. Откако зел цигари, сопругот решил да мавне една жолта пред да си тргне. Седнал на шанкот и забележал една многу јака женска. Почнал да ѝ прави муабет, ја честил пијачка, па втора, па трета и кога барот се затворил, таа го поканила кај неа во станот. Се фрлиле директно во кревет. С*ксот бил фантастичен. На крај на мажот му текнало да погледне во часовникот и видел дека е 1 часот по полноќ.
– Боже Господи! – извикал тој и скокнал од креветот. – Не знаев, дека е толку касно. Жена ми ќе ме убие. Имаш ли пудра?
Девојката се подналутила, но му дала пудра, тој си ги напудрил дланките и потоа брзо си заминал, без да каже ниту збор повеќе.
Кога се вратил дома, жена му го чекала налутена.

– Каде беше?! – гневно го прашала таа – Знаеш ли колку е часот?! Те пратив по цигари, а тебе те нема цели четири часа!
– Види душо, извини многу – одговорил сопругот. – Отидов до продавницата, ама беше затворено. Затоа отидов до автоматот во барот, но додека бев таму запознав една многу јака женска и завршивме во кревет кај неа.
– Дај да ти ги видам рацете! – рекла жена му.
Тој и ги покажал напудрените дланки.
– Ти ли мене ќе ме лажеш бе! – извикала таа. – Пак си играл билијард со другарите!

Сподели на Facebook
пати видено