Стојан се оженил и првата брачна ноќ воделе љубов со Ана. Кога завршиле работа Ана зела еден тефтер и запишала нешто во него.
– Душо, што пишуваш?!
– Те оценувам – му одговорила Ана – ти пишав 2…
Утрото Стојан повторно водел љубов со Ана и навистина се потрудил. На крај ѕирнал во тефтерот на Ана, само 3+!!!
Се налутил Стојан и почнал да крева тегови, почнал да прави физички вежби… И така цел месец. Потоа отишол кај Ана и… цели 2 часа воделе љубов, без прекин, ја излудил… Подоцна погледнал во тефтерот и што да види, чиста 5-ка!
Нарденото утро не ја допрел Ана, ниту наредниот ден. Поминала една недела, две… цел месец. Ана загрижено го прашала:
– Што се случува, Стојане, зошто не сакаш да водиме љубов повеќе, да не се повреди нешто?!
– Ааааа, да не сум луд да си ја расипам петката!!!

Сподели на Facebook
пати видено