48-годишната Марија од селото Обарив во Украина со години го трпела насилството од нејзиниот сопруг. Кога повеќе не можела да издржи направила нешто грозоморно.

Таа ја исекла главата на нејзиниот сопруг со секира, како и неговиот полов орган, кој потоа им го дала на кучињата да го изедат.

Марија им кажала на полицајците дека не гледала друг излез бидејќи постојано била малтретирана и под закани за нејзиниот живот. Марија го нападнала нејзиниот 49-годишен сопруг Олександар во нивната спална соба, откако тој се вратил дома од ноќна смена и заспал во раните утрински часови.

Таа првин го задавила со голи раце, пред да ја зграби секирата и да му ја отсече главата. Потоа со кујнски нож му ги пресекла и гениталиите.

Облиена во крв Марија излегла од нејзината куќа и застанала во дворот, тогаш ја видела сосетката Надежда Опанасиук. Таа ѝ кажала дека го убила својот сопруг, а постарата жена влегла во куќата и го здогледала обезглавеното тело, а потоа повикале и полиција.

Марија им признала сѐ на полицајците. Нејзините соседи изјавиле дека Олександар навистина физички ја малтретирал својата сопруга и во неколку наврати ја бркал со секира по селото. Марија се соочува со 15 години казна затвор за убиството. Нејзиниот син Виктор изјавил дека нема да може да ѝ прости за тоа што го направила.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено