Жената од Англија која сака да остане анонимна, била посвоена кога имала седум месеци. Кога наполнила 18 години ѝ било дадено досието од посвојувањето. Така открила дека нејзината мајка кога ја родила била само 13-годишно девојче, силувано од 35-годишен семеен пријател. Нејзината приказна ја раскажува во видеото подолу.

Таа сега сака да покрене „гонење без жртва“ против нејзиниот татко. Ова би значело дека ниту еден доказ не е поднесен од страна на жртвата на наводно кривично дело, бидејќи законот не ја признава како жртва. Ниту, мајката не сака да биде вклучена во правни работи, бидејќи не сака повторно да го помине процесот, откако не била сослушана првиот пат кога го пријавила силувањето.

Жената вели: „Отсекогаш мислев дека е многу погрешно што мојот биолошки татко не е гонет, тогаш си помислив дека имам ДНК докази, затоа што јас сум ДНК доказ. Јас сум движечко место на злосторството. Да откриете дека сте родени преку ужасен чин на насилство, против дете и дека луѓето знаеле … се вели на седум различни места во досиејата дека е силување. Фактот дека таа имала 13 години значи дека станува збор за силување, затоа што имал секс со малолетничка. Во него се наведува неговото име и адреса и дека социјалните служби, полицијата и здравствените работници знаеле, но ништо не е сторено во врска со тоа.“

Таа вели дека нејзината мајка била од црна заедница на работничката класа и таа мисли дека тогашниот став бил причина за недостаток на дејствување.

Средбата со нејзиниот татко таа ја опишува како „нереални 40 минути од нејзиниот живот“, тој дури и не негирал дека имал односи со нејзината мајка кога имала само 13 години. Тогаш жената била уште поубедена дека тој треба да одговара за своите дела.

Сподели на Facebook
пати видено