Жената започна да плаче додека го молеше маскираниот шеријатски службеник да престане да ја камшикува, за време на јавната церемонија одржана вчера во конзервативната провинција Ацех, во Индонезија.

22-годишната жена, која беше казнета бидејќи имала предбрачен се*с, беше една од трите лица кои беа осудени на казна со 100 камшикувања.

Публика од десетици луѓе сведочеше како двајцата мажи и жената беа ригорозно камшкувани на стадионот во Локсеуммаве, на околу 200 километри оддалеченост од главниот провинциски град Банда Ацех.

Во Средата, односно вчера, младата жена и нејзиното момче, кое исто така има 22 години, добија по 100 камшикувања, откако беа фатени како имаат предбрачен се*с.

Жената при издржувањето на казната, неколку пати се скрши и заплака, како резултат на неподносливата болка, притоа молејќи го шеријатскиот службеник да престане со камшикувањето, сè додека не ја прегледа лекар.

Третиот казнет беше едно 19-годишно момче, кое исто така беше камшикувано 100 пати, бидејќи било фатено како има се*с со малолетничка. На крајот од извршувањето на казната, неговата бела кошула беше потопена во крв.

Тинејџерот исто така ќе отслужи 5 години затвор, додека парот ќе биде ослободен.

Камшикувањето во Индонезија се користи како форма на казнување за бројни прекшоци, меѓу кои и коцкањето, консумирањето алкохол, практикувањето истполов, како и предбрачен се*с.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено