Тами Милс од Австралија е пресреќна што опасносна која што демнела под нејзиниот кревет не ја убила. Жената се шегува дека „можела да се разбуди мртва“ по откритието додека ја чистела својата спална соба.

Таа објаснува дека додека го чистела подот сфатила дека не може да ја протне раката под креветот, па затоа употребила стап со крпа за да исчисти. Тогаш забележала нешто невообичаено.

Тами забележала дека така случајно убила пајак и првин си помислила дека станува збор за некој безопасен пајак. Но, откако детално го истражила црниот пајак од 6см сфатила дека станува збор за еден од најотровните пајаци во светот. Австралиската-инка може да убие човек во рок од 15 минути штом ќе го касне.

Жената признава дека често ја оставала вратата отворена и дека најверојатно на тој начин пајакот се сокрил под нејзиниот кревет. Таа одлучила да го сочува мртвиот пајак како украс. Австралиските-инки се наоѓаат во крајбрежната источна Австралија, вклучувајќи ја и Тасманија, околу Аделаид и полуостровот Ејре.  Иако нивните каснувања се фатални за луѓето, отровот е безопасен за кучиња, мачки, возрасни глувци и заморчиња.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено