17-годишниот Терон Стед излегол на своето утринско возење со неговиот нов велосипед кога одеднаш бил удрен од автомобил со сребрена боја. Стед паднал и бил повреден доста лошо при ударот. При ваква несреќа, нормално би очекувале возачот на автомобилот да застане да му помогне на велосипедистот. Навистина, жената зад воланот излегла да види што се случило, но наместо да му помогне на раскрварениот Стед, таа си седнала назад на шоферското седиште велејќи му дека и така доцнела во носењето на децата на училиште, а и не можела да му помогне бидејќи неговото крваво лице ќе ги вознемирело нејзините деца.

st01

Ова е аголот кадешто бил удрен Стед. Набргу по несреќата, луѓе од блискиот универзитет Шефилд го нашле и ја повикале полицијата. Стед го носел својот заштитен шлем, за кој вели дека му го спасил животот.

st02

Досега полицијата не успеала да ја најде жената одговорна за несреќата. За да добие јавна поддршка и да создаде притисок кај мистериозната жена, мајката на Стед објавила негова фотографија веднаш после несреќата.

„Терон кажа дека жената излегла од колата, го погледнала и му кажала дека децата во колата биле вознемирени и не сакала да задоцнат за на училиште, и потоа си заминала. Не можам да верувам дека некој би оставил повредено дете крај патот после сообраќајна несреќа.“- изјавила мајката на Терон.

Сподели на Facebook
пати видено