Англија ја зафати топлотен бран и во изминатиот период има сѐ повеќе случаи во кои што сопственици на миленичиња ги оставаат во автомобилите, без отворен прозорец и така сериозно им го загрозуваат животот. Но, овој пат Џена Лангстон била изненадена и изреволтирана од инцидентот на кој била сведок и морала сама да го реши.

Додека таа пазарела во супермаркетот Asda, слушнала дека касиерката го помикува сопственикот на одреден автомобил, според регистарската табличка да се упати на паркингот. Таа веднаш помислила дека станува збор за куче заборавено во автомобилот. Останала запрепастена кога касерката кажала дека станува збор за бебе и дека мора под итно сопственикот да се упати кон паркингот. Но, никој не реагирал.

33-годишната Џена, која работи како воспитувачка во градинка, ги оставила кесите и веднаш се упатила кон паркингот. До автомобилот го забележала обезбедувањето на супермаркетот, а во автомобилот имало 3-месечно бебе кое силно плачело и било целото препотено, а не бил отворен ниту проозрецот на автомобилот. Надвор температурата била над 31 степен.

Иако мајката ја немало да се појави на паркингот веќе 30 минути, кога Џена му кажала на човекот од обезбедувањето да и помогне да влезат во автомобилот и да го извадат бебето затоа што почнало да се гуши тој ѝ кажал дека „не смее затоа што може да си ја изгуби работата“, бидејќи влегувањето во туѓ автомобил без дозвола ќе се смета за престап. Изреволтираната жена сама успеала да влезе во автомобилот и да го извади бебето.

Потоа пористигнала полицијата и брзата помош, а мајката се вратила од пазарење дури по 50 минути. „Сè уште немаше знак од возачот на автомобилот. Поминаа некаде околу 50 минути. Потоа се појави одејќи полека кон нејзиниот автомобил. Почнав да ѝ викам и ја прашав кај ѝ беше паметот. Бев навистина вознемирена. Таа само гледаше во земјата. Јас сум сѐ уште потресена од настанот, не спијам добро неколку ноќи.“, изјавила Џена.

Бебето било однесено во болница на преглед и за среќа немало повреди. Од полицијата изјавиле дека преземале мерки во врска со мајката на бебето.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено