Што може да биде посмешно од тоа да му го испратите на вашиот шеф писмо со оставката, само за да ви го испринта во неговата канцеларија? 22-годишната Бет Ешли го направила токму тоа.

Девојката која работи како копирајтер му пратила на својот менаџер Ендру Кларк, документ насловен „писмо за оставка“ и го замолила да ѝ го испринта. Запрепастениот шеф мислел дека Бет сака да покаже некоја „моќ“ на овој начин, но всушност станува збор за смешно недоразбирање.

Бет вели дека пред неколку дена нејзиното момче ја замолило да ја напише неговата оставка за работата која веќе не му одговарала. Таа решила да му ја направи услугата и го напишала писмото, но бидејќи немала принтер на нејзиното биро и единствениот кој имал бил нејзиниот шеф, Ендру, одлучила нему да му го прати документот.

Сепак не ѝ текнало дека документот е потпишан „писмо за оставка“ и дека Ендру веднаш ќе си помисли дека се обидува да го понижи. Сепак Бет вели штом Ендру го отворил документот сфатил за што станува збор и двајцата почнале да се смеат хистерично додека другите вработени ги гледале збунето и не знаеле што се случува.

Сѐ било сфатено како добра смешка, шефот не се налутил, Бет си ја задржала работата, а откако нејзината објава станала вирална луѓето почнале да ѝ нудат по 20 евра за да им ги напише писмата за оставка.

Сподели на Facebook
пати видено