Експертите сè уште не се сигурни во тоа што им овозможува на изгубените мачки да патуваат на долги растојанија без мапи, компаси или други уреди, само водени од силната желба за повторно обединување со нивните сопственици.

Имало случаи каде што мачките патувале стотици километри за да се вратат дома, благодарение на внатрешниот навигациски механизам кој сѐ уште се изучува. Но, постои една навистина необична мачка по име Џил, која се изгубила и на крајот морала да патува стотици километри далеку од нејзиниот дом и повторно да ја пронајде својата сакана сопственичка.

Кели Лавет, од Јужна Каролина, ја изгубила мачката Еби пред 13 години. Додека мачката била исчезната, жената дипломирала, се омажила, имала деца и работела како учителка една деценија. На Кели ѝ било тешко да пронајде зборови за да опише колку била среќна и изненадена кога добила порака дека нејзината долго исчезната мачка конечно била пронајдена.

Откако Еби се изгубила нејзината приказна за повторно враќање кај Кели започнала во засолништето за животни, каде што го добила своето ново име, Џил. Спасителот на животни Алисон Фергусон забележал дека мачката има микрочип и била изненадена што открила дека животното некако патувало 120 километри од нејзиниот регистриран дом во Јужна Каролина. Џил најверојатно се преселила на друго место со новите сопственици кои ја посвоиле, и од кои таа повторно заминала, но ова е само претпоставка.

Телефонскиот број и електронската пошта што што биле дадени за чипот повеќе не постоеле. Но, алисон била решена да ги пронајде сопствениците на Џил. Меѓу другите податоци, таа го пронашла името на сопственикот на микрочипот и почнала да ја бара жената. Таа ѝ пишала на секоја жена по име Кели Амандрел на Фејсбук и за среќа добила одговор од првата сопственичка на мачката, која сега имала поинакво презиме.

„Знаев дека нешто не е во ред, кога некој ме контактира според моминското презиме, кое не сум го користела долго време.“, вели Кели. Нејзиното правилно моминско презиме било Мандрел, но некој направил греша на чипот и поради тоа потрагата била отежната.

На Кели и изгледало како чудо повторно да биде заедно со својата мачка која не ја видела 13 години. Таа не се двоумела и веднаш повторно си ја посвоила старата пријателка. На Џил и било потребно време за да се прилагоди на новиот дом, но сега се чувствува смирено и безбедно.

„Беше многу срамежлива во првите денови. Но, по неколку дена не можеше да се раздели од мене. Таа ме следи насекаде, спие со мене, се гали со мене, каде сум јас таму е и таа.“, вели Кели.

Алисон, кој долги години работи со животни, верува дека она што се случило со Кели и Џил било вистинско чудо. Иако животното имало микрочип, имало многу малку шанси тие две повторно да се сретнат: 13 години поминале, Кели сега има поинакво презиме и исто така живеела далеку од местото каде што била пронајдена Џил. Сепак, успеале да се најдат и покрај сите препреки.

Сподели на Facebook
пати видено