Деби Гедес ловела риби заедно со својот сопруг на езерото Чемплајн. Тие не ги ловеле рибите за да ги убијат туку веднаш ги пуштале назад во водата. Но, еден улов на Деби за тој ден прилично ја шокирал.

Навидум од водата извлекла риба, но кога подобро ја погледнала сфатила дека не станува збор за обична риба. Оваа риба имала две усти и на Деби не ѝ било јасно што се случува.

Решиле да ја фотографираат рибата и повторно да ја пуштат во водата. Фотографиите стекнале голема популарност и луѓето сѐ уште не можат да разоткријат дали се работи за некоја природна деформација на рибата или пак ова ѝ се случило поради повреда или загадување.

„Кога оваа риба ја загриза јадицата си помислив дека имам добар улов. Јас, всушност, коментирав, ‘се надевам дека е исто толку голема колку што се чувствува!’ Кога ја кренав во чамецот, не можев да верувам во она што го гледав! Две усти! А сепак оваа риба беше здрава и просперитетна! Прилично неверојатно! Брзо направивме неколку фотографии и ја пуштивме рибата.“, вели Деби.

Деби не се надевала дека рибата ќе привлече толку многу внимание и вели дека ѝ се допаѓаат сите теории, иако таа самата мисли дека рибата е таква поради повреда, најверојатно предивикана од некој друг рибар.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено